Стејт департментот на САД одобри продажба на оружје во вредност од 2,5 милијарди долари на Египет, од кои 2,2 милијарди долари вклучуваат товарни авиони Ц-130Ј, а 355 милиони се однесуваат на радари за ПВО.

„Стејт департментот одлучи да ја одобри продажбата на товарниот авион C-130J Super Hercules и соодветната опрема на Египет, во вредност од 2,2 милијарди долари“, се вели во соопштението на американската Агенција за соработка во одбраната и безбедноста.

Во соопштението, во кое се наведува дека одобрението за продажба е испратено до Конгресот, се истакнува дека продажниот пакет вклучува 12 авиони C-130J, 12 резервни мотори и друга поврзана опрема.

Во второто соопштение на Агенцијата се наведува дека е одобрена продажба на радарски системи за ПВО на Египет во вредност од 355 милиони долари. Тој продажен пакет вклучува три радарски системи на копно SPS-48, резервни делови за тие системи, мотори, генератори и друга опрема.

Одобрувањето на Стејт департментот за продажба на оружје значи дека продажбата не е проблем за американската администрација.