Американски морнар е под истрага за подметнување пожар на воениот амфибиски брод „Бонхом Ричард“, што во јули гореше со денови и предизвика опасни експлозии со повеќе повредени војници, јави синоќа Еј Би Си.

-Повеќе извори поврзани со Воено-морнаричката служба за истраги (НЦИС) укажаа дека истражителите утврдиле дека пожарот на 12 јули можеби бил предизвикан намерно. Истражителите идентификувале морнар како осомничен за подметнување, јави телевизијата.

Биле издадени повеќе налози за претрес во домот на морнарот, чие име се уште не е познато на јавноста..

Пожарот најверојатно го уништи амфибиско-офанзивниот воен брод што чини неколку милијарди долари, јави порталот Драјв. Ако биде утврдено дека огнот избил намерно, тоа ќе биде најголемата загуба од подметнат пожар досега во американската армија.