САД не ја потврдија изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека Вашингтон и понудил на Анкара продажба на борбени авиони Ф-16, но додадоа дека на Турција не и била дадена финансиска понуда за воени авиони.
Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс на редовниот брифинг рече дека не може да потврди продажба на оружје или трансфер без одобрение на Конгресот.
– Ве упатуваме до турската влада да разговарате со неа за нејзините планови за набавки за одбрана. Она што можам да го кажам е дека САД не дадоа никакви финансиски понуди по барање на Турција за Ф-16, изјави Нед Прајс.
– Министерството за одбрана одржува консултации со Турција за решавање на несогласувањата околу Ф-35. Турските власти соопштија дека се заинтересирани за купување на Ф-16. За да разговарате за плановите за набавка на одбраната на Турција, треба да контактирате со турските власти. Можам да кажам дека САД немаа никакви финансиски предлози за барањата на Турција за Ф-16. Министерството за одбрана одржува консултации со Турција за тоа како да се решат несогласувањата околу програмата Ф-35. Не можам да зборувам за приватни разговори за тоа прашање, рече Прајс.
Ердоган во неделата рече дека САД и понудиле на Анкара продажба на борбени авиони Ф-16 во замена за инвестицијата на Турција во програмата за авиони Ф-35. Анкара беше отстранета од таа програма откако го купи одбранбениот систем С-400 од Русија.