Гласачите во Џу Џерси и Аризона изгласаа легализација на марихуаната за лична употреба, додека во Орегон е одобрена употреба на псилоцибин, халуциногена дрога, за терапевтски цели.
Мерките за употреба на дрогата беа меѓу повеќе од стоте прашања на гласачките ливчиња, кои опфаќаа различни области: од изборни прашања, до право на абортус и даноци.
Најмалку 124 законски и уставни прашања беа на гласачките ливчиња во 32 американски држави и дистриктот Колумбија.
Гласачите во државата Колорадо ја укинаа забраната за абортус во напредна бременост, Флорида одобри зголемување на минималната плата, во Калифорнија е изгласан закон што им овозможува на возачите да бидат самовработени кои не мора да бидат вработени во компании како „Лифт“ и „Убер“.