Американскиот актуелен претседател Доналд Трамп изјави денеска: „Ние победивме на овие избори“.

– Резултатите се феноменални, се подготвуваме за голема прослава, нагласи Трамп од Белата куќа.

Тој најави дека ќе се обрати до Уставниот суд да се запре пребројувањето на гласовите.

Бајден: Верувам дека сме победници, да бидеме трпеливи

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден, вели дека е уверен дека ќе победи на изборите, но дека за резултатите може да се почека некое време. Тој ги  повика луѓето да бидат „трпеливи“ и „да ја задржат верата“.

„Веруваме дека сме на добар пат да победиме на овие избори“, рече Бајден во говорот во неговата матична држава Делавер, кратко по полноќ (05.00 часот по Гринич).

„Се чувствуваме добро за тоа каде сме“, додаде тој.

Според 94 отсто преброени гласови – Трамп победи во Охајо, една од клучните држави

Претседателот на САД, Доналд Трамп го победи демократскиот кандидат Џо Бајден во Охајо, една од клучните држави, покажуваат податоците засновани на 94 проценти од преброените гласови.

Според „Фокс њуз“, Трамп освоил 53,5 проценти од гласовите, додека Бајден 45,1 проценти од гласовите.

Трамп освои повеќе од три милиони гласови, а Бајден повеќе од два и пол милиони гласа. Победникот на изборите во Охајо има 18 изборни гласови од 270, што е неопходно за победа.

Трамп победи и во Ајова и Тексас.

САД; Без кибер напади на денот на претседателските избори

Во денот на изборите не бил регистриран кибер напад, изјави директорот на Агенцијата за безбедност на интернет и инфраструктура (ЦИСА), Крис Кребс.

– Ова е резултат на четиригодишна соработка меѓу сите државни агенции и 50 земји што споделија податоци. Каде што бевме во 2016 година и каде сме сега е неспоредливо, рече шефот на ЦИСА.

Ен-Би-Си потсетува дека руски хакери се обвинети за наводно пренесување на десетици илјади гласови на Доналд Трамп, кои биле наменети за Хилари Клинтон, на претходните избори во 2016 година.

Трамп победува и во Тексас, проекции на американски медиуми

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп победи во државата Тексас, според проекции на АП. Тоа претставува разочарување за демократите кои се надеваа дека ќе ја „превртат историски црвената држава“.

Тексас не гласаше за демократ за претседател од 1976 година, иако постоеја заеднички напори државата да се претвори во сина во последните неколку години. Трамп го освои Тексас, кој носи 38 изборни гласови, со 9 отсто во 2016 година.

Трамп имаше предност од околу еден поен во државата една недела ден пред денот на изборите, според анкети на FiveThirtyEight.

Републиканците се обидуваат да го зачуваат конзервативното мнозинство во Сенатот

Демократите вчера им земаа едно место во Сенатот на републиканците во Колорадо, но тие веднаш одговорија со ново освоено место во Алабама, многу вредно во нивната борба за зачувување на конзервативното мнозинство во Сенатот.

Републиканците имаат 53 од 100 места во Сенатот. На вчерашните избори се избираа 35 пратеници.

Контролата на горниот дом во Конгресот е важен елемент на парламентарните избори во САД што се одржаа заедно со претседателските.

Демократите ќе мора да добијат четири места за да го преземат мнозинството во Сенатот или три ако Бајден победи на претседателските избори, па според Уставот, неговата потпретседател Камала Харис би бил гласот кој носи предност.

Поранешниот гувернер на Колорадо, Џон Хикенлупер го победи републиканскиот сенатор Кори Гарднер во неговата држава.

Но, во конзервативната Алабама, Томи Тубервил, поранешен тренер во американски фудбал, наскоро го врати тоа место против демократот Даг Џонс.

Во Јужна Каролина е реизбран сенаторот Линдзи Греам, близок соработник на Доналд Трамп.

Уште еден сојузник на актуелниот претседател, лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел, е реизбран во Кентаки.

Трамп победи и на Флорида

Претседателот на САД, републиканецот Доналд Трамп го победи кандидатот на демократите, Џозеф Бајден, во сојузната држава Флорида, една од најважните за исходот на изборите.

Флорида е често клучна држава кога трката е неизвесна како вечерва.

Освојувањето на Флорида го остава Трамп во трка за нов мандат. Да ја загубеше Флорида, немаше да има големи шанси да победи. Со победата во Флорида, Трамп „доби“ уште 29 гласачи и сега има 174.

Бајден досега „освои“ 223 изборни гласови.

За да победи на изборите, кандидатот треба да освои 270 од 538 гласачи.

Во сите други клучни држави, Трамп и Бајден водат неизвесна трка.

Твитер избриша порака на Трамп во која тврди за „обиди на демократите да ги украдат изборите“

Твитер го обележа како потенцијално навредлива порака од американскиот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп, во која тој навестува дека демократите се обиделе да ги украдат изборите.

Твитер соопшти дека објавил предупредување за твитот на Трамп во врска со „потенцијално навредливо тврдење за изборите“.

Трамп претходно, без докази, ги обвинуваше демократите дека се обиделе да ги украдат изборите.

„Имаме голема предност, но тие се обидуваат да ги украдат изборите. Никогаш нема да им дозволиме да го сторат тоа. Гласовите не смеат да бидат дадени по затворањето на избирачките места, напиша Трамп.

Бајден најавува да не се очекуваат нови информации од него за изборите

Кандидатот на демократите за претседател на САД, Џо Бајден најавил дека нема повеќе информации  од него пред утрото, јави ДПА.

За тоа укажаа новинарите кои патуваат со кандидатот на демократите.

Во Небраска – Четири гласа од електорите за Трамп, еден за Бајден

Вашингтон, 4 ноември 2020 (МИА) –  Претседателот на САД и републикански кандидат Доналд Трамп освои четири од пет гласа на „електорите“ во Небраска, додека неговиот противкандидат од редовите на демократите доби еден глас во таа сојузна држава.

Трамп победил во првиот конгресен округ, во третиот конгресен округ, како и на државно ниво. Трамп доби по еден глас од гласачкото тело за секоја конгресна област, како и уште два за победата на државно ниво.

Бајден победи во втората конгресна област, која го вклучува најголемиот град во Набраска, Омаха.

Небраска е една од двете држави каде се поделени гласовите на избирачите. На претседателските избори во 2016 година, Трамп ги освои сите пет гласа на гласачите во Небраска.

Избори во САД: Се уште тесна трка за претседател на државата

Претседателот на САД, Доналд Трамп и демократскиот ривал на изборите Џо Бајден остануваат во тесна трка, од која Американците и поголемиот дел од светот ги чекаат изборните резултати од неколку клучни држави.

Двајцата кандидати бараат најмалку 270 од 538 гласачи на Изборниот колеџ доделени од државите, а Бајден има тесно водство од 238 гласови наспроти 213 гласови на Трамп, според „Фокс њуз“, бидејќи Бајден доминираше во либералните упоришта долж источниот и западниот брег.

Надежите на демократите во изборна вечер за брза и убедлива победа на Бајден, брзо испарија. И покрај пандемијата во која починаа повеќе од 230.000 Американци, раздвижената американска економија и хаотичната надворешна политика, срамежливиот стил на владеење на Трамп и слоганот „Направи ја Америка повторно голема“ најдоа наклоност кај големите делови на земјата.

Говорејќи кратко по полноќ (05:00 Гринич), Бајден рече дека е убеден дека ќе победи на изборите, но вели дека за резултатите може да се почека некое време. Тој ги повика луѓето да бидат „трпеливи“ и „да ја задржат верата“.

„Ние веруваме дека сме на добар пат да победиме на овие избори. Се чувствуваме добро за тоа каде сме”, додаде тој. Тој рече дека не очекува повеќе изјави до утрото.

Во меѓувреме, Трамп се огласи на Твитер, тврдејќи дека неговите противници се обидуваат да ги „украдат изборите“, иако не понуди доказ и рече дека наскоро ќе одржи говор. Твитер го ограничи пристапот до објавата, велејќи дека делови или целата порака се оспоруваат.

„Ние сме ГОЛЕМИ, но тие се обидуваат да ГИ УКРАДАТизборите. Никогаш нема да им дозволиме да го сторат тоа. Гласовите не можат да бидат дадени по затворањето на избирачките места!“ објави Трамп на Твитер, по период од неколку часовно молчење на социјалните мрежи.

„Ќе дадам изјава вечерва. Голема ПОБЕДА!” нагласи тој во вториот твит.

И покрај тоа што резултатите остануваат нејасни во голем дел од земјата, Трамп има силни перформанси во сите држави на бојното поле и се чини дека ги надминува анкетите на јавното мислење кои го сметаа за аутсајдер.

Голем дел од изборите – и иднината на САД во следните четири години – останува во рацете на неодлучните држави што се движат – главно во северните држави Мичиген, Пенсилванија и Висконсин.

Сите тие три држави – кои некогаш беа сигурно демократски, им се приближи на републиканците на претседателските избори во 2016 година, поттикнат од популарноста на Трамп кај работниците кои сочувствуваа со неговата протекционистичка трговска политика и националистичката реторика.

Особено се следат резултатите во Пенсилванија и Висконсин, бидејќи локалните закони спречија пребројување на пошта по ливчиња до денот на изборите, што значи дека предвидениот победник може да се чека со денови.

Во меѓувреме, се предвидува Трамп ги освои Флорида, Охајо и Тексас, сите држави што демократите се обидоа да ги вратат. Тој исто така е фаворизиран за победа во Џорџија и Северна Каролина. Ајова исто така застана зад Трамп.

Аризона, републиканска наследна држава, „го сака“ Бајден, со преброени 75 проценти од очекуваните гласови, давајќи му го на поранешниот потпретседател единствената јасна предност меѓу државите.

Во некои случаи, како победата на Трамп во 2016 година, кандидат може да победи на Изборниот колеџ без да го добие народниот глас. Бајден има приближно 1 процент предност во народот, со повеќе од 54,4 милиони гласови во негова корист.

Загриженоста е зголемена дека Трамп може да прогласи победа дури и кога државите се борат да избројат гласачки ливчиња по пошта, што се очекува да го фаворизираат Бајден. Нема закон со кој се налага да се прогласи победник на денот на изборите. Некои држави дозволуваат да се примаат гласачките ливчиња дури и по затворањето на гласачките места.

Бидејќи Бајден постојано водеше во анкетите, вклучително и во круцијалните држави, Трамп, републиканец, влезе во трка борејќи се да се одржи во Белата куќа по бурните четири години на функцијата.

Гласачите низ сите држави гласаат и за низа други прашања, вклучително и за 35 места во Сенатот, целиот Претставнички дом, бројни државни и локални канцеларии и референдуми за прашања од даночната политика до законите за дрога.

Демократите се очекува да го контролираат Претставничкиот дом, додека тие сакаат да ја освојат контролата врз Сенатот по шест години републиканска контрола. На демократите им е потребна нето добивка од три места за тоа.

За многу гласачи, клучните прашања на изборите се пандемијата, економијата и здравствената заштита, заедно со поспецифични области како што се правата и контролата врз оружјето, животната средина и абортусот.

Трамп се кандидира како конзервативен, додека Бајден прифати некои прогресивни идеи.