Американското Министерство за финансии синоќа соопшти за нов пакет санкции против лица и компании поврзани со Евгениј Пригожин, руски бизнисмен близок до Кремљ, кој Вашингтон го обвини за вмешаност во конфликтот во Судан.
Се соопштува дека новите ограничувачки мерки се воведени против три физички лица од Русија и пет компании од Судан, Хонгконг и Тајланд, посочени дека се поврзани со Пригожин.
Министерството соопшти дека овие лица и компании наводно му помагале да ги одмине претходно воведените санкции против него. На почетокот на векот тој стана познат и како „готвачот на Путин“, поради честите гостувања на рускиот претседател во ресторани управувани од компании на Пригожин.
Тојј подоцна стана еден од главните финансиери на приватната руска воена група „Вагнер“ која презема воени активности во источна Украина, Сирија, Либија, Судан и други земји.