Тоалетите на два американски носачи на авиони, по неколку затнувања, ќе ги чинат властите и до 400.000 долари по брод, се вели во новиот извештај.
Бродовите „Џералд Р. Форд” од 2017. и „Џорџ Х.В. Буш” од 2009 година имаат канализациска мрежа слична на комерцијалните авиони, а го користат повеќе од 4.000 лица… Дури во пракса се покажа дека цевките на тие бродови се претесни во случај кога сите тоалет-школки се зафатени…
Службите за одржување утврдиле дека на овие цевки им треба редовно, ама и скапо прочистување со хемиски средства.
Одборот на Сенатот задолжен за воените служби, утврди и други 150 случаи со проблеми со одржувањето на бродовите на Воената морнарица, што би можело да чини над 130 милијарди долари.
Минатата година бившиот премиер Зоран Заев, вицепремиерката Радмила Шекеринска и други македонски функционери се сликаа на еден од носачите (Хари С. Труман), чие одржување скапо чини.