Градежен кран падна од зградата на новиот комплекс на „Гугл“ во Сиетл, за време на голема бура што го зафати градот, при што четири лица загинаа, а исто толку се и повредени.
Кранот се урнал на една од најфреквентните улици во Сиетл, во близина на центарот.
Двајца од жртвите се работници кои управувале со кранот, а другите двајца се случајни минувачи, кои загинале откако кранот паднал врз нивните автомобили.
При падот на кранот уништени се шест автомобили.
Градоначалничката на Сиетл, Џени Дуркан изјави дека е право чудо што 25-годишна мајка и нејзината четиримесечна ќерка преживеаја откако кранот падна врз нивниот автомобил и се здобија со полесни повреди. Уште две лица се хоспитализирани по инцидентот.