Десет дена откако во Индонезија се одржаа најголемите еднодневни избори во светот, повеќе од 270 лица ги загубија животите поради болести поврзана со прекумерна работа – заради броење милиони гласачки ливчиња, објавија денеска официјални претставници.

– До саботата вечер, 272 лица ги загубија животите, главно поради прекумерни часови на работа, а 1878 други заминаа на боледување, изјави портпарол на Генералната изборна комисија.

На 17 април во земјата од 260 милиони жители беа за првпат одржани избори во исто време – и парламентарни и претседателски, со цел да се намалат трошоците.

Гласањето мина мирно, а одѕивот беше околу 80 отсто од 193 милиони гласачи со право на глас, кои мораа да пополнат до пет гласачки ливчиња на 800.000 избирачки места.