Владимир Путин не треба да очекува дека многу Украинци ќе ја прифатат неговата понуда во врска со добивањето руски пасош, рече Володимир Зеленски.

Новоизбраниот украински претседател рече и дека им нуди на Русите украинско државјанство.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера во Пекинг изјави дека ја разгледува можноста за воведување на полесни процедури за стекнување на руско државјанство за сите граѓани на Украина.

Она што посебно се разликува Украина е фактот дека ние Украинците имаме слобода на говор во нашата земја, слободни медиуми и Интернет, напиша Зеленски на Фејсбук.

-Ние ќе им дадеме украинско државјанство на припадниците на сите нации кои страдаат од авторитарни и корумпирани режими, а на прво место на Русите, кои денес веројатно страдаат најмногу, додаде Зеленски.

Путин вчера изјави дека народот на Украина е уморен од војната, додавајќи дека би сакал да го знае ставот на Зеленски за конфликтот во источна Украина.

Путин веќе потпиша декрет за забрзување на решавањето на барањата за руско државјанство на Украинците од самопрогласените републики Доњецк и Луганск.