Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се подготвува да го зголеми снабдувањето со оружје на Украина.
Амдминистрацијата има намера да го направи тоа со испраќање напредни ракетни системи со долг дострел, кои сега се главно барање на украинските власти, изјавија неколку неименувани официјални лица. Се размислува да се испрати системот како дел од поголем пакет воена и безбедносна помош за Украина, кој би можел да биде откриен следната недела, објави Си-Ен-Ен.
Високи украински функционери, вклучително и претседателот Володимир Зеленски, побараа од САД и нивните сојузници во последниве недели да им обезбедат повеќекратен ракетен систем (MLRS).
Вооружените системи произведени во САД можат да истрелаат проектили стотици километри подалеку, многу подалеку од кој било систем што веќе го има Украина, што Украинците велат дека може да ја промени играта во нивната војна против Русија.
Друг систем што го бараа Украинците беше артилериската ракета со голема подвижност, позната како HIMARS, полесен систем на тркала способен да испука многу исти видови муниција како MLRS.
Во последниве недели, руската армија ја погоди Украина на исток, каде Украина беше совладана во број и во оружје, соопштија украинските власти.
Администрацијата на Бајден со недели размислуваше дали да испрати ракетни системи, поради загриженоста што ја покрена Советот за национална безбедност дека Украина би можела да ги користи системите за да изврши офанзивни напади во Русија, изјавија официјални лица.