Пандемијата на коронавирус во САД надмина уште еден „црн“ праг – вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 надмина 900.000.
Според податоците од федералните извештаи, вкупниот број Американци кои ги загубиле животите поради Ковид-19 од првиот случај на инфекција во почетокот на 2020 година до овој петок достигна најмалку 904.067, што е повеќе отколку што има жители државата Северерна Дакота, пренесува Си-Ен-Ен.
Така, САД бележат најголем број смртни случаи од коронавирус во светот, а потоа следат Русија, Бразил и Индија, кои заедно имаат повеќе од 1,8 милиони смртни случаи. Меѓутоа, кога се гледа бројот на смртни случаи од коронавирус по глава на жител, САД се на 20-то место, далеку под Перу и Русија, кои имаат најголем број на смртни случаи според тој критериум.