Стејт департментот на САД соопшти дека одобрил можна продажба на Украина на опрема за одржување на авионите Ф-16 и соодветни материјали, во проценета вредност од 621,9 милиони долари.
Главниот изведувач на договорот ќе биде избран преку постапка за јавна набавка што ќе ја спроведе американската Влада.
Во соопштението на Стејт департментот уште се наведува дека набавката ќе се финансира со средства од Белгија, Данска, Холандија и Норвешка, без учество на американски средства.




