Американски тинејџер во вторникот, рано утрината, му пукал во глава на 16-годишен соученик, додека тинејџерот го чекал пристигнувањето на училишниот автобус, соопшти локалната полиција.
Поручникот Џ. О. Паркер од полициската станица Лоребсвил, во сојзуната држава Џорџија, соопшти дека полицајците пристигнале во населбата Седл Шолс околу 6:30 часот утрината, откако им било пријавено пукање и дете кое лежело на улица.
Паркер кажа дека 17-годишен ученик му пришол на 16-годишникот и го застрелал во главата. Тој додаде дека жртвата е пренесена во болница и се наоѓа во критична состојба.
Си-Ен-Ен пренесе дека полицијата го лоцирала осомничениот и дека тој е уапсен и обвинет за напад и поседување оружје.
-Обвинението може да се промени, во зависност од идната здравствена состојба на жртвата, додаде Паркер.
Полицијата потврди дека осомничениот и жртвата оделе во средното училиште „Централ Гвинет“ и дека е познато дека и претходно имале некаков конфликт.