Како што јави МИА, Белата куќа се уште ја нема официјално потврдено оваа информација.
Украинскиот претседател неодамна изјави дека нацрт законот за зголемување на американската помош за Украина, кој претходно беше претставен во Претставничкиот дома на Конгресот на САД, е важен сигнал за силното стратегиско партнерство помеѓу двете земји.
– Благодариме на САД за истрајноста во поддршката за територијалната целовитост на Украина, изјави Зеленски.
Нацрт законот предвидува и воена помош за засилување на одбранбените капацитати на Украина, како трансфер на оружје, продажба на одбранени вооружени системи на Армијата на Украина и зацврстување на украинските капацитети за одбрана од руските кибер напади.
Специјалниот претставник на Стејт департментот за Украина, Курт Вокер, кон крајот на мај одговори на повеќе прашања на новинари за политиката на Вашингтон во однос на Украина после успешно спроведените претседателски избори и за ситуацијата со регулирање на конфликтот во источниот дел на земјата.
Меѓудрогото, тој изјави дека „Украина не може да стори повеќе од тоа што досега го стори“ во регионот Донбас и за конфликтот ја обвини „руската окупација“.