Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба за суспензија на имиграцијата во САД, што ќе биде во сила следните 60 дена.
Целта на наредбата е невработените Американци да бидат први за вработување кога ќе се отвори економијата.
Трамп одговарајќи на прашање дали наредбата се однесува на имигрантите кои имаат „зелена карта“ или на другите имигранти, тој посочи дека може да се менува политиката, бидејќи во САД пристигнуваат луѓе кои им помагаат на земјоделците.
– Може да се промени следната недела, за две недели, ќе менуваме по потреба, можеме да воведеме построги или полесни мерки, исакна Трамп.
Претходно, Демократската партија тоа го оцени како обид на Трамп да го сврти вниманието на јавноста од неговото бавно и лошо управување со кризата предизвикана од епидемијата со Ковид-19.
Влезот во САД поради епидемијата во голема мера е оневозможен, границите се затворени, а авиосообраќајот е забранет, поради што одлуката на Трамп се толкува како обид да се охрабри неговото избирачко тело.
Претходно, американската администрација претходно најави олеснителни услови за добивање на привремени работни визи за сезонските земјоделски работници.