Австралија ќе ја остави на сила забраната за патување во странство и нема да ги отвори своите граници барем уште четири месеци, се наведува во „он-лајн“изјавата на главниот санитарен лекар во државата Брендан Марфи  до Парламентарна комисија за борба против пандемијата со Ковид-19.

Коронавирусот се шири исклучително активно низ целиот свет и актуелната меѓународна ситуација е таква што секое намалување на граничните мерки би претставувало исклучително ризичен чекор, нагласи Марфи.

Тој најави дека властите ќе разгледаат олеснување на ограничувањата на масовните собири во блиска иднина, но „големите настани ќе останат забранети“.

Ќе бидат разгледани ограничувањата кои влијаат на малите продавници и игралишта, но ние прво мора да го процениме ризикот по здравјето на луѓето, истакна Марфи.

До денеска во Австралија се пријавени 6.659 заразени од новиот коронавирус. Оздравени се 4.671, додека има 75 смртни случаи. Дванаесет нови случаи се откриени во изминатите 24 часа, што е најмал број од 9 март.