Компаниите Твитер и Мекдоналдс планираат до 2025 година да го зголемат бројот на жени и припадници на малцинствата меѓу вработените.

Твитер наведува дека сака да стане „најкултурална и најинклузивна компанија во светот“ и да го зголеми бројот на припадници на различни групи во управата, со цел до 2025 година една четвртина од вработените да биде од редовите на припадниците на малцинствата, соопшти компанијата.

Тоа е дел од иницијативата на повеќе американски компании, наречена „Пакт 25×25“, со цел ангажирање на колку е можно поразличен кадар.

Моментно околу 13 отсто од раководителите во Твитер, со седиште во Сан Франциско, се од редовите на недоволно застапените малцинства, вклучително 6,5 проценти Афроамериканци и 3,9 отсто Хиспаноамериканци.

Твитер минатата година најави дека до 2025 година, 50 отсто од вработените ќе бидат жени, а моментно тој број изнесува 42,6 проценти.

Мекдоналдс, исто така, планира поголема разноличност меѓу вработените. Оваа компанија нагласи дека до 2025 година сака 35 отсто од вработените да бидат од редовите на недоволно застапените малцинства, како и 45 проценти од кадарот да бидат жени.