САД одржуваат директни контакти со припадници на армијата на Венецуела, барајќи од нив да го напуштат претседателот Николас Мадуро и исто така подготвуваат нови санкции за зголемување на притисокот врз него, изјави висок претставник на Белата куќа.
Тој одби да даде детали за дискусиите или за нивото на кое тие се одржуваат, и не е јасно дали таквите контакти би можеле да намалат поддршка на армиските сили на венецуелскиот социјалистички лидер.
Сепак, постои можност за американска воена интервенција во Венецуела. Хуан Гуаидо не ја отфрли таквата можност, која би била да се отстрани Николас Мадуро и да се стави крај на хуманитарната криза.
Во соопштението за медиумите, претседателот на Националното собрание, кој се самопрогласи за претседател, сепак го нарече прашањето за можна интервенција „многу контроверзна тема”.
Мадуро од своја страна нагласи дека нема да дозволи лажна помош. Според него, кризата во Венецуела е измислена од Вашингтон за да се оправда воена интервенција.
Како одговор, Гуиадо ги повика своите приврзаници да излезат на улиците за да обезбедат испорака на хуманитарна помош.