Шпанската влада донесе одлука да вработи 1.735 нови државни службеници за да се справи со последиците од брегзит, особено во области како што се гранични и царински контроли.

Социјалистичката влада сака повеќето од тие вработени да бидат ангажирани пред 29 март, без разлика дали Британија ќе постигне договор или не со Европската унија за напуштање.

Властите планираат да ангажираат повеќе службеници на аеродроми и пристаништа и да ја зајакнат фитосанитарна контрола врз увозот и извозот, а исто така да обезбедат помош за околу 300.000 Британци кои живеат во Шпанија. На овие треба да се додадат и 33.000 жители на Гибралтар, британска територија во најјужниот дел на Шпанија.