Семјуел Сабатино (82) ги минувал празничните викенди возејќи се, најчесто – од Флорида до Менхетн, но можеби и во други сојузни држави и градови.
Сепак, неговата првична цел не била прошетка, туку – натрапување во празни станови.
Старецот на тој начин, во текот на пет години само во градот Њујорк, извршил најмалку десет кражби, при што материјалната штета изнесува вкупно околу 400.000 американски долари. Надлежните го нарекоа „празничен крадец“, бидејќи кражбите ги вршел во празнични денови – Денот на независноста, Денот на трудот, Денот на благодарноста…
Се верува дека само годинава украл пари и предмети во вкупна вредност од 100.000 американски долари. Тој беше уапсен викендов во Њујорк.