Садет успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци. Само да биде жива Јасмина – била неговата најголема желба.
Тој неколку денови безуспешно барал информации низ болничите ходиници, а всушност не ѝ го знаел ниту името. Поради тоа, Садет преку медумите побарал помош да ја пронајде.
Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави дека од него било побарано да му помогне на Садет да ја пронајде девојката.
Во Градската општа болница „8 Септември“, Садет со моја помош ја најде Јасмина.Бев сведок на емотивен момент на кој што млада девојка се најде лице в лице со човек што ѝ го спасил животот.
„Никогаш нема да заборавам како ме молеше да ѝ помогнам“, рече Садет. Се надевам дека никогаш повеќе нема да ни се случи ваква трагедија, продолжуваме со битка за секој живот. Ти благодарам Садет на твојата посветеност, ти си вистински херој!”, напиша Филипче.
Пред неколку дена кај село Ласкарци се преврте автобус на компанијата „Дурмо Tурс“. Загинаа 15 патници, додека голем број беа спасени со помош на локалното население, кое што помогнало во нивното излекување. Тие се хоспитализирани на скопските клиники. Неколкумина од нив се уште се во критична состојба.
Анализата на примероците на крв и урина на возачот покажала дека во моментот на несреќата кај него не е регистрирано присуство на алкохол, лекови или психотропни супстанции.
Автобусот што излета од автопатот и се преврте во близина на стариот пат, по наредба на јавен обвинител ќе биде вештачен од страна на Машинскиот факултет во Скопје. Се уште се утврдуваат причините за несреќата.