Некои актуелни теми тешко е да се рубрицираат дали се за во занимливости, дали за сериозна политика, дали се за економија, за спорт или пак едноставно се за црна хроника. Како што е случајот со пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска позната како Дизел.

На граѓаните веќе им е збогтисано да следат кого Дизел во последните 24 часа вработила и дали се уште има блиски роднини кои не добиле вработување.

Но, популарноста на оваа вредна народна избраничка, која се грижи за иднината на младите, пензионерите и сите генерации во Македонија, пред се, се должи на горивата, и првенствено на дизелот, како и на наплатните рампи и патарините.

Инспирирани од тоа мајтапчиите од „Дневна доза Политички циркус“ на Фејсбук пресметале дека ние имаме космонаут.

– Патните трошоци на Мира Дизел изнесуваат 10.000 литри бензин. Со тоа можат да се помине 170.000 км годишно. Со просечна брзина од 80 км/ч потребни се 90 дена по 24 часа. Месечината е одалечена 384.000 км. Ние немаме пратеник – ние имаме космонаут!- објавија денеска „Дневна доза Политички циркус“

А се врти и една новокомпонирана автомобилско-политичка изрека за возила кои не се баш скромни во потрошувачката: Тој џип троши како Мира Дизел!