Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за РТК по повод 11-годишнината од независноста на Косово зборува и за претседателските избори во земјата, истакнувајќи дека тој ја испружи раката за соработка со албанската опозиција за заеднички кандидат Албанец, но за жал, двете опозициски партии го одбиле.

– Сега, јас ја испружив раката, но албанските опозициски политички партии излегоа со многу навредувачки ставови  и не ја прифатија испружената рака, мене ми е жал за ова. В понеделник ќе има средба на коалициските партнери.  Ние стоиме на нашиот принцип за претседател на државата со договор  помеѓу страните кои имаат легитимитет, значи на албанската и македонската страна. Има волја за да се постигне договор, но ова зависи од страните кои ќе се сретнат в понеделник, истакнал Ахмети.