Премиерот Зоран Заев во изјава за балканските медиуми порача дека наградата што ја доби во Минхен сака да ја подели со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

– Оваа награда искрено сакам да ја поделам со бугарскиот премиер Борисов, кој беше мотиватор на сите нас од Западен Балкан, а посебно за Република Северна Македонија, изјави Заев за Алџезира.

Тој и премиерот на Грција, Алексис Ципрас вчера ја примија наградата на Минхенската конференција за безбедност за нивниот особен придонес за мирот и безбедноста во светот и за афирмација на принципите на трансатлантската алијанса.

Претходно, додека тие беа дел од панел-дискусијата „Разговор со добитниците на наградата „Евалд Фон Клајст“, Заев порача дека им ја посветува на младите генерации.

Инаку Заев при заблагодарувањето говореше на англиски, а освен јазикот кој во НАТО беше означен со знаменце, говори и српски, бугарски, босански, хрватски, а засега не е познат обид да проговори и на словенечки јазик.

Тој и натаму ги покажува своите полиглотски балкански квалитети и покрај забелешките на „лингвистичките ситничари“ за струмичкиот акцент во англискиот и за тоа дека Балканците сакаат да се „чукаат и удараат у градима нашима“.

Видеата се позајмени од наведените страници на Фесбук.

Да се биде член на НАТО значи:Stabilitysecurity i op immediately economy ?

Gepostet von Зоран Ристески Македонец am Sonntag, 17. Februar 2019

За нов Балкан, Балкан од 21 век

Оваа награда им ја посветуваме на сите млади од Балканот. Ова достигнување е за нив. Она што го правиме денес е основа за она што вие – младите луѓе – нашите идни генерации, ќе го создавате утре.За нов Балкан, Балкан од 21 век. ??️??

Gepostet von Zoran Zaev am Sonntag, 17. Februar 2019

Слабо енглескиот ама и другиве слабо ?

Gepostet von Чао Заев am Sonntag, 17. Februar 2019

Заев, чука-удара у грудима на српско-босанско-македонски!

Заев, чука-удара у грудима на српско-босанско-македонски!

Gepostet von infomax.mk am Mittwoch, 30. Januar 2019