На Саемот за потрошувачка електроника 2020 во Лас Вегас, режисерот Џејмс Камерон ги претстави првите снимки од својот филмски хит „Аватар“ од 2009 година. Сликите од претстојниот филм потоа беа објавени и на Твитер-профилот на филмовите.

„Во новите продолженија на ’Аватар‘ нема само да се вратите на Пандора – ќе истражите и нови делови на светот“, стои во описот.

Во коментарите потоа имаше и позитивни одговори, но и критики околу тоа зошто толку долго се чека на вториот и на другите делови од филмот. Камерон го режира и вториот дел. Снимањето на „Аватар 2“ беше неколкупати одложувано, па така последниот датум на премиерата е 21 декември 2021 година.

Другите продолженија се најавени за 2023., 2025. и 2027 година.

Зои Салдана, Сем Вортингтон, Стивен Ленг и Сигурни Вивер ќе ги повторат улогите и во вториот  „Аватар“-филм.