Фудбалскиот сојуз на Египет соопшти дека очекува оти Мохамед Салах за три недели ќе се врати не теренот и ќе и помогне на репрезентацијата на Светското првенство во Русија.

Салах се повреди во финалето од Лигата на шампионите во Киев.

Тој во 30. минута мораше да го напушти теренот бидејќи по дуелот со Серхио Рамос падна на рамото и се повреди.

Како што пренесува Скај спорт, Слалах во вторникот допатувал во Валенсија на третмани.

Египетскиот сојуз наведува дека би било прерано да се очекува Салах да се врати на теренот за првиот натпревар на Мундијалот против Уругва, на 15. јуни, но би можел да игра во второто коло, четири дена покасно, против Русија.

Во третото коло Египет игра против Саудиска Арабија, на 25. јуни.