Администрацијата на Џо Бајден разгледува опции Москва да претрпи „последици“ доколку опозицискиот лидер Алексеј Навални умре во затвор, изјави синоќа Џејк Саливан, советник за национална безбедност на претседаетелот. 

-Комунициравме со руската Влада дека тоа што му се случува на Навални додека е во државен затвор е нивна одговорнот и тие ќе бидат повикани на отчет од меѓународната заедница, изјави Саливан за телевизијата Си-Ен-Ен 

Што се однесува до конкретните мерки. преземени од наша страна, додаде тој, „разледуваме различни варијанти и нема сега да ги кажам јавно, но ние укажавме дека ќе има последици доколку  Навални почине“.  

Претходно, Бајден ја окарактеризира како неприфатлива и „неправедна“ ситуацијата кога здравјето на Навални во затвор драматично се влоши. Од пред крајот на март опозиционерот штрајкува со глад бидејќи по појавените болки во нозете и грбот, побара да биде лекуван од неговите лични лекари, а не од лекарски персонал од затворот, на кого тој не му верува. 

Лекарите на Навални вчера од местото каде што е затворен на околу 100 километри од Москва, соопштија дека затворската служба не дозволува посета на нивниот пациент. Тие изјавија дека со оглед на последната анализа на крвта на Навални, ситуацијата е критична и дека тој може да почине во некој од наредните денови.