Високи претставници на американската администрација и порачаа на Москва дека употребата на нуклеарно оружје ќе доведе до катастрофални последици.

Вашингтон одлучно би одговорил, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан во интервју за американската мрежа „CBS“.

„Разговаравме директно, приватно, на многу високо ниво со Кремљ. Секоја употреба на нуклеарно оружје ќе има катастрофални последици за Русија, а САД и нашите сојузници ќе одговорат многу одлучно во тој случај. Бевме многу јасни и прецизни за тоа што тоа повлекува“, рече Саливан.