Салвадор им нареди на дипломатите oд Венецуела да ја напуштат државата за 48 часа.

Владата на Салвадор соопшти дека таа одлука е во во согласност со нивната позиција дека претседателот на Венецуела Николас Мадуро е нелегитимен.

Во соопштението се нагласува дека тие го признаваат лидерот на опозицијата во Венецуела Хуан Гуаидо како привремен претседател до одржување предвремени избори во таа држава од Јужна Америка.