Земјите во регионот се соочуваат со сложени внатрешно-политички прашања за кои не можат лесно да се најдат одговори, а предизвикот е поголем, видејќи не попуштаат и надворешните притисоци ниту предизвици. Тоа го нагласи началничката на Генералштабот на словенечките вооружени сили, генерал мајор Аленка Ерменц.

Во интервју за подгоричка Побједа таа посочува дека хибридната активност, враќањето на странските борци и големиот број мигранти кои се уште се во регионот посебно загрижува.

Во интервјуто Ерменц исто така рече дека земјите од регионот во последно време се соочуваат со различни безбедносни предизвици, кои во повеќето случаи бараат заеднички одговори, затоа што современите предизвици не обрнуваат внимание на националните граници.

Според неа, во регионот не може да зборува за трка со вооружување, туку за модернизација на армиите и набавка на потребното и планираното оружје и опрема.