Прекрасна идеја и големо срце, коментира поранешниот италијански вицепремиер Матео Салвини под фото-приказната од италијанскиот град Милано, што ја објави на Фејсбук.
– Градежни работници во Милано се претвораат во суперхерои, во слободните денови, за да им подарат насмевка на хоспитализираните деца и пациентите со Ковид-19 кои се принудени да бидат во изолација. Прекрасна идеја и големо срце! Мирна ноќ пријатели, објави Салвини на својот профил на Фејсбук.
(Д.Г.)