Италијанскиот заменик премиер и министер за сообраќај Матео Салвини денеска изјави дека претставниците на Европска Унија не се нормални. Неговата изјава уследи откако ЕУ предложи исклучување на греењето во домаќинствата и канцелариите, со цел да се ублажи кризата со горивото и високите сметки поради војната во Иран.

-Предлозите на Брисел за надминување на високите сметки се: исклучете го греењето, работете помалку, патувајте помалку и перете помалку. Ако ова се решенијата за војната во Иран и високите трошоци за сметки и дизел, кажете ми дали се нормални во Брисел?, истакна Салвини.

Тој додаде дека ЕУ мора да го укине Пактот за стабилност и буџетските ограничувања.

-Ние плаќаме за Европа и ја одржуваме, посочи Салвини.

Европскиот комесар за енергетика, Ден Јоргенсен, предложи рестриктивни мерки како што се работа од дома, ограничувања за движење со автомобили во недела и намалување на патувањето со приватни возила и со тоа ги повика земјите-членки да усвојат што е можно повеќе од десетте точки на Меѓународната агенција за енергетика поради големи загрижености за безбедноста на снабдувањето.