Во Загреб денеска се одржува работниот дел од средбата на лидерите на 18-те земји членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).
На денешниот дел од Самиот на ЦЕИ, покрај лидерите на земјите членки на Организацијата или нивни претставници, ќе учествува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.
ЦЕИ е основана во 1989 година во Будимпешта, а нејзини сегашни членки се Австрија, Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Италија, Македонија, Молдавија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Србија, Украина, Унгарија, Хрватска, Црна Гора и Чешка.
Самитот официјално започна синоќа со свечена вечера за учесниците на собирот, меѓу кои е и македонскиот премиер Зоран Заев.