Денеска одекна веста дека Володимир Зеленски го потврди падот на Бахмут. Во Хирошима, на состанокот со светските лидери и членовите на Г7, украинскиот претседател навести дека украинскиот град потпаднал под целосна контрола на Русите, одговарајќи на прашања на новинарите.
Но, набргу откако сите релевантни светски медиуми внимателно ја објавија веста, стаса исправка од Сергеј Никифоров, портпаролот на претседателот. Како што може да се слушне и да се види на снимката подолу, новинарот го прашува Зеленски „дали Бахмут се уште е во украински раце“, а потоа го додава вториот дел од прашањето – „Русите велат дека ја презеле контролата врз Бахмут“. На тоа Зеленски одговори со „Мислам дека не“, што може да се толкува на два начина – дека градот веќе не е под украинска контрола, но и дека Русите не го окупирале целосно.
Изјавата на Зеленски ја коментираше неговиот прес-секретар Сергеј Никифоров, нагласувајќи дека претседателот ја негирал загубата на Бахмут. Прашање на новинарот:
Сергеј Никифоров, портпаролот на украинскиот претседател, брзо реагираше и ги отфрли тврдењата дека Бахмут паднал, што укажува дека Зеленски всушност одговорил „Не мислам така“ на вториот дел од прашањето на новинарот, а тоа се однесуваше на руската контрола на украинскиот град.
„Треба да разберете дека (таму) нема ништо. Денес Бахмут е сè уште само во нашите срца“, рече Зеленски во својот прилично нејасен и несмасен говор.
Русија вчера соопшти дека целосно го освоила источниот украински град, што, доколку е вистина, ќе го означи крајот на најдолгата и најкрвавата битка од 15-месечната војна.
Киев ги отфрли тврдењата на Пригожин пред објавувањето на Русија, но веднаш не се повика на тврдењето на руското министерство.