Тим меѓународни експерти од СЗО вчера конечно пристигна во Вухан, по една година обид, но веднаш наиде на проблеми. Целта на тимот на СЗО е да почне истрага за потеклото на коронавирусот на местото каде што првпат се појави на крајот на 2019 година.

Меѓутоа, тимот научници веднаш наиде на пречки, што се надоврза на низа наводни кинески саботажи, бидејќи Кина, се чини, се обидува да ја контролира истрагата. Досега, Кина на различни начини одбиваше соработка со СЗО, како и пуштање светски експерти во Вухан, па сега, дури и по една година, сè уште нема транспарентна и независна истрага за изворот на вирусот.

Затоа и сега има голем број критичари кои сметаат дека истрагата поради желбата на Пекинг за контрола ќе биде повеќе политичка отколку научна. Од друга страна, и покрај проблемите, СЗО објави дека има намера да спроведе ригорозно и транспарентно истражување.

Експертите кои доаѓаат на терен во Вухан се од Велика Британија, Германија, Јапонија, Русија, САД и други земји и имаат децениско искуство во проучување на разни вируси.

Во време кога вирусот однесе два милиони животи и зарази повеќе од 92 милиони луѓе ширум светот, изгледите за неполитичка истрага на вирусот се намалуваат и се чини дека тој се обидува да се дистанцира што е можно повеќе од Вухан.