Ако се одржи олимпијада според ѕверства, не знам кој балкански народ ќе биде шампион, но што сме правеле во Македонија раскажува самиот премиер на бугарската нацистичка Влада, Богдан Филов, пишува во бугарскиот историски документ.
(Извор: Стефан Цанев, БЪЛГАРСКИ ХРОНИКИ, том 3, София, 2008 г., КНИГОИЗДАТЕЛСКА КЪЩА „ТРУД”, стр. 268 – 273).
Од 8 до 12 јули 1943 година Филов прави обиколка низ Македонија, пишува во документот, а во истиот е запишано дека бугарската окупаторска војска во Македонија била пречекана со „леб и сол“, но со уште „поголема радост била испратена“ во 1944 година.