Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изрази целосна солидарност со италијанската премиерка Џорџа Мелони, откако американскиот претседател изјави дека таа го молела да се фотографира со него за време на самитот на Г-7. Мелони овие тврдења ги нарече невистинити, пренесува АНСА.
– За време на состанокот на Европскиот совет ѝ ја изразив мојата солидарност против овој напад, кој не е ниту политички, ниту личен – изјави Санчез.
– Дури и не знам како да го наречам ваквиот напад – додаде шпанскиот премиер.
Санчез и Мелони се политички противници. Тој е социјалист, додека таа е претставничка на конзервативната десница
Мелони претходно изјави дека е „вџашена“ од коментарите на Трамп и ги оцени како „целосно измислени“, додавајќи дека американскиот лидер покажува поголемо почитување кон непријателите на Западот отколку кон традиционалните сојузници.
Реакцијата на Рим следува по краткото интервју на Трамп за италијанската телевизија „Ла7“ (La7). Иако официјалното видео од настанот прикажува пријатен разговор меѓу двајцата лидери, Трамп изјави дека само сакал да ѝ направи задоволство, тврдејќи: „Таа ме молеше да се фотографирам со неа“.




