Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс за американската телевизија Си-Би-Ен изјави дека мисли оти бог сакал Доналд Трамп да стане претседател на САД.

– Мислам дека бог не повикува сите нас да исполниме различнии улоги во различно време и мислам дека сакаше Доналд Трамп да стане претседател, истакна Сандерс.

Таа додаде дека Трамп како претседател направил голема работа, „поддржувајќи многу работи кои ги сакаат верниците“.