Министерот енергетика Теменушка Петкова и извршниот директор на државната компанија „Булгартанс“, Владимир Малинов се вклучени во делегацијата која утре патува со бугарскиот премиер Бојко Борисов за Москва, соопштија од бугарската Влада.

Тоа, според бугарските медиуми, ги потврди очекувањата дека проектите од областа на енергијата ќе бидат дел од официјалните разговори, вклучително и тие со рускиот претседател Путин.

Во делегацијата се вклучени и уште тројца министри.

Борисов ќе биде на посета на Москва на 30 и 31 мај. Тој ќе се сретне со претседателот на Русија, Путин „за да ја разгледаат понатамошната соработка меѓу Бугарија и Русија во областа на економијата, енергијата, туризмот итн“.