Сашо АНДОНОВ

Ние македонски државјани и уште едно македонско семејство сме заглавени во Киев, Украина, немаме транспорт, баравме помош од Амбасадата, но оставени од нив, тие си ја напуштија Украина БЕЗ НАС! Да знаете дека се уште сме во Киев, БАРАМЕ ПОМОШ ЗА ЕВАКУАЦИЈА!

Со свое сведоштво се јави и Оливер Трајковски, кумановец кој живее и работи во Украина, Доњецка област, во интервју за ТВ Плус раскажува за актуелните случувања во оваа земја по воениот напад.

Трајковски вели дека во нивната област е безбедно. Нема пукотници, продолжува нормалното секојдневие, маркетите и продавниците се отворени, луѓето одат на работните места. Овој град се наоѓа на околу осум часа возење од Киев.

Но, кумановецот кој од 2016-та година живее во Украина, со забелешки до македонската амбасада, бидејќи не биле навремено известени и не им била пружена помош за евакуација. Во моментов вели побезбедно е да останеме, отколку да се обидеме да ја напуштиме земјава.