Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков излегува од притвор, објави „360 степени“

Апелацискиот суд во Скопје ја прифатил гаранцијата од 11.106.501 евро, пренесе „360 степени“, повикувајќи се на информации од второстепениот суд.

Неговата жалба била уважена и решението за притвор е преиначено со прифаќање на гаранцијата. Апелациските судии му определиле мерки на претпазливост односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот.

Мијалков треба да излезе од притвор кога ќе завршат административните процедури со ставање на хипотеката на имотот што е понуден како гаранција дека нема да избега.

Мијалков издржува мерка притвор во предметот „Трезор“, каде е неправосилно осуден на 8 години затвор.