Саудиска Арабија, еден од најголемите светски производители на нафта, денеска објави дека нејзина цел е да ги намали емисиите на штетни гасови на нула до 2060 година.
Со тоа, таа држава им се придружи на повеќе од 100 земји во глобалните напори за борба против климатските промени. Ова го соопшти престолонаследникот Мохамед бин Салман на почетокот на првиот форум на Саудиската зелена иницијатива.
Извозот на нафта и гас на кралството го формира столбот на економијата на Саудиска Арабија.