Советот за безбедност на ОН денеска донесе резолуција за пандемијата на коронавирус предложена уште во април 2020 година а заснована на повиците на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш „за сеопшт и итен прекин на огнот во сите светски конфликти со долгорочна хуманитарна пауза од најмалку 90 денови“.

Резолуцијата на СБ на ОН, подготвена од Франција и Тунис, изразува „сериозна загриженост по повод уништувачките последици на пандемијата од КОВИД-19 низ цел свет, посебно во земјите погодени од оружени конфликти или од постконфликтни ситуации и хуманитарни кризи“.

Документот истакнува дека прекин на огнот не се распространува на воените операции против „Исламска држава“, „Ал-Каеда“ и други терористички групи..

Мировните мисии на ОН ќе добијат мандат да ги помагаат земјите кои преземаат дејства за ограничување на ширењето на вирусот.Првично, резолуцијата требаше да ја признае главната улога на СЗО во борбата со коронавирусот, но против тој дел настапија САД.

Кина не ја поддржа резолуцијата поради тоа што во неа се споменува земјата на потекло на КОВИД-19.