Русија и Кина ставија вето на нацрт резолуцијата на САД со која се бараше Советот за безбедност на ОН да повика на слободни и непристрасни претседателски избори во Венецуела и непречено доставување на хуманитарната помош.
Американската нцрт-резолуција доби минимум од девет гласови, а тоа ги натера Русија и Кина да вложат вето.
Јужна Африка исто така фласаше против, а Индонезија, Екваторијална Гвинеја и Брегот на Слоновата Коска беа воздржани, пренесе Ројтерс.
Нацрт-резолуцијата повикува на почнување мирен политички процес кој ќе доведе до слободни, фер и кредибилни претседателски избори, наведува британската агенција.
Покрај тоа се укажува на потребата да се спречи натамошно влошување на хуманитарната ситуација во Венецуела, како и за доставувањето на хуманитарната помош, наведува агенцијата.