Неколку стотици луѓе маршираа во Киев, повикувајќи го претседателот на Украина, Петро Порошенко да си поднесе оставка.

Демонстрантите носеа знамиња со натпис „Има многу кандидати, а само еден е ограбувач“, што претставува изменета верзија на слоганот од кампањата на Порошенко „Има многу кандидати, а само еден е претседател“.

Порошенко, кој повторно се кандидира за претседателските избори на 31 март, се најде на удар поради новинарската истрага која покажа вмешаност на еден од неговите соработници во проневера на пари од украинската војска.

Претседателот на Украина негираше вмешаност во проневерата и нареди обвинителството да спроведе истрага, објави АП.

Објавувањето на аферата му зададе уште еден удар на Порошенко, чија популарност падна поради раширената корупција и економските проблеми, кои уследија по припојувањето на Крим кон Русија во 2014 година.