Руски хакери се присутни во системот на украинскиот телекомуникациски гигант Киевстар најмалку од мај минатата година, во кибер напад што треба да претставува „големо предупредување“ за Западот, изјави Илја Витјук, шеф на одделот за сајбер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Хакирањето, едно од најголемите од почетокот на рускиот напад врз Украина пред речиси две години, негативно влијаеше на околу 24 милиони корисници на Киевстар од 12 декември.

Тој ги нарече нападите поразителни, со цел да се нанесе психолошки удар и да се соберат разузнавачки информации.

– Овој напад е голема порака, големо предупредување, не само до Украина, туку и до целиот западен свет, да разбере дека никој не е недопирлив, рече Витјук. Шефот на сајбер-одделот во СБУ рече дека Кијевстар е компанија која многу инвестирала во кибер безбедноста.

Сепак, нападот избриша „речиси сè“, вклучително и илјадници виртуелни услуги и податоци од компјутерите, додава Витјук, што, како што оцени, веројатно е првиот пример на деструктивен кибернетски напад во кој е уништено јадрото на телекомуникацискиот оператор.

– СБУ процени дека хакерите можеле да украдат приватни информации, да пронајдат локации на телефони, да пресретнуваат СМС пораки и можеби да украдат кориснички профили на Телеграм, рече Витјук.

Тој истакна дека СБУ му помогна на Киевстар да ги врати своите системи за само неколку дена и да одбие нови кибер напади.

фото: МИА архива