Вчера изутрина на излез од Стар Дојран, во населбата Карач, полицијата открила камион „ман“, со штипски регистарски ознаки со приколка, во кое имало 42 мигранти (41 од Сирија и 1 од Бангладеш).
Но, како што е соопштено, откако возачот и совозачот на товарното возило ги забележале полициските службеници, скокнале од возилото во движење и избегале, а возилото се вратило назад и удрило во службено возило на МВР, информираат од полицијата.
Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа од Гевгелија.
Како што информираат од МВР, мигрантите биле предадени за понатамошна постапка, за понатаму да бидат спроведени до прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија.