Проф д-р Игор Јанев, кој се обидува спорот за името да се реши преку механизмите на ОН, со гласање во Генералното собрание, преку социјалните медиуми предупредува дека веќе се спроведува сценарио за капитулација на Македонија.
„Внимание! За Нимиц, Договорот од Преспа е веќе во сила, по неговиот потпис, и ќе го носи договорот, по ратификацијата само во нашиот парламент во Советот за Безбедност на ОН. Тој ќе биде како анекс на следната резолуција на Советот за Бесбедност на ОН со која СБ на ОН ги прифажа одредбите и решението во Договорот“, предупредува Јанев.

Професорот, кој порано работеше во македонското МНР, а потоа замина да предава во Белград, вели дека соред Нимиц е доволно Договорот да биде ратификуван во македоснкото Собрание.

„Без потписот на претседателот на државата Ѓорге Иванов! И без референдум! Со новата резолуција на Советот за безбедност на ОН во која е содржано решение, ќе се замени Резолуцијата 817, и Резолуцијата 845. Веројатно е дека новата резолуција ке биде донесена едногласно. Потоа, Нимиц планира решението да биде потврдено и од Генералното собрание на ООН.

По овие акти, нема да биде лесно и на најсилните експерти работата да се врати на правиот пат”!, истакнува Јанев.