Венко Филипче во Ниш се сретнал со Милјан Шчекиќ а во Грција со пријателот на Зоран Заев, Башановиќ под целосна насока на Зоран Заев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.

Филипче е без кредибилитет, не носи самостојно одлуки и е под целосна контрола на Зоран Заев.

Заев ја има клучната улога за селекција и поставување партиски функционира во СДС, како што во минатото го постави Димитар  Ковачевски. Сега преку Филипче, Заев директно го постави за шеф на ПР комуникациите Башановиќ заедно со неговиот соработник Шчекиќ.

Башановиќ и Шчекиќ ја контролираат ПР стратегијата и јавните настапи на Филипче.

Башановиќ е човек со контроверзно минато, поврзан со сомнителни зделки во енергетиката и директно или индиректно вмешан во промената на името на државата Македонија.

Сега Башановиќ го советува СДС и Филипче за секој јавен настап.

Односот на СДС и Филипче кон јавноста, преку соопштенија и прес-конференции, е директно под диктатот на Башановиќ и Шчекиќ, луѓе ангажирани од Заев да ја водат партијата.

СДС е партија во ерозија, Филипче е лидер без кредибилитет, под диктат на Заев додека довербата кај граѓаните секој ден им се намалува.

СДС не работи за граѓаните и членството, интересите на Заев и контроверзните Башановиќ и Шчекиќ диктираат сè.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ